Берикетна погача
Состојки
- 1/2кг обично пченично брашно
- 250мил. млеко
- 1 квасец
- 2 лажички шеќер
- 1 лажичка сол
- 1филџанче (70мл) зејтин
- 1 лажиче прехранбена црвена боја
- 1 лажичка зелена боја
Подготовка
Се меси стандарно тесто. Подмесениот активиран квасец се додава на
брашното, зејтинот, шеќерот, солта и се замесува меко тесто кое стасува 1 час.
Со дел од тестото расукуваме погача кој ќе биде основа врз неа ги лепиме фигурите. Украсувањето е лична моментална инспирација
Пренхранбените бои се мешаат со дел од тестото. Секоја фигура се лепи со вода која се нанесува со четкичка.
Така украсена стасува половина час и се пече на 200 степени
Оваа погача прекрасно иде со пифти и за сите престојни празницио. Се надевам
дека ве инспирирав за некое идно ваше ремекдело..ПОЗДРАВ..........до наредниот мој и ваш рецепт.