Испечати

Мисиркина салата

Мисиркина салата

Состојки

  • 1кг. мисиркино месо
  • 250гр. свежи шампињони
  • 250гр варени моркови
  • 250гр. кисели краставички
  • 200гр. кисела павлака
  • 350гр. мајонез
  • по вкус сол и бибер

Подготовка

Идеја плус како да се справите со месото кое сигурно ќе ви остане од Божиќната мисирка. Мисиркиното месо е многу посуво за разлика од пилешкото па наредниот ден кога е целосно оладено и не е баш најубав ручек. Мерките се произволни, односно зависи колку месо ќе ви остане.

1. Месото извадете го од коските и расцепкајте го со раце. Морковите ситно исецкајте ги, а краставичките изрендајте ги на ситната страна од рендете и додадете ги во садот со месото. Печурките исецкајте ги на листови и пропржете ги малку да омекнат и заруменат, па додадете ги во садот. Зачинете по вкус и убаво измешајте.
2. Додадете ги павлаката и мајонезот и повторно убаво измешајте да се соединат состојките, Ставете го садот во фрижидер и оставете преку ноќ за да се спојат вкусовите.

Добар апетит =)