Испечати

Погача од пченкарно брашно со џимиринки

Погача од пченкарно брашно со џимиринки

Состојки

  • 350гр пченкарно брашно
  • 1 (40гр) квасец
  • 30гр сол
  • 4 јајца
  • 200мл (пола канче) кисело млеко
  • 350гр џимиринки

Подготовка

Некако не ми е интересно се исти па исти погачи, меси, мотај, премачкај со јајце. Се решив да модифицирам основен рецепт, пола од состојките да ги променам и нешто свое да додадам. Како љубител на џимиринки (чварки) решив токму нив да ги додадам во погачата. И дефинитивно не погрешив.

1. Се дроби ситно квасецот и се става во брашното.
2. На страна се матат јајцата, се додава киселото млеко. Добро изматете и додадете во брашното и посолете. Измешајте добро со рака и оставете да нарасне (околу 40тина мин).
3. Во меѓувреме џимиринките сомелете ги во машина за месо (ако немате, може ситно да ги исецкате) и добро измешајте со стасаното тесто и оставете уште еднаш да стаса (околу 30мин).
4. Се истура во подмачкан плех и се печи околу 40тина мин на 220 степени.

Јас експериментирав и го подмачкав плехот за мафини, го ставив тој плех во друга тава, обложив со хартија за секој случај и го истурив тестото. Кога се потпече (после 15тина мин), го завртев и погачката сама излезе целосно, и оставив да се допече.
Може да додадете мешавина од павлака и мајонез како прелив, декорирајте со маслинки и карфиол.

Совет
Не грижете се што смесата е течна, ќе нарасне секако.