Милиброд со афион
Состојки
- 400гр брашно
- 100-150гр шеќер
- 1 квасец
- 2 жолчки
- 200-300мл млеко
- 1 кора од лимон
- 80гр маргарин
- 2-3 големи лажици зејтин
- малку сол
- Фил
- 250гр мелен афион
- 150-200гр шеќер
- по потреба неутрална павлака
- 2-3 лажици маргарин
- по потреба/желба цимет
- по потреба/желба суво грозје, ореви
Подготовка
1. Се замесува меко тестото и се остава да стаса.
2. Стасаното тесто се дели на два еднакви дела и повторно се остава да стаса.
3. Додека стасува тестото се подготвува филот. Во тенџере на тивок оган се става да се загрее мелениот афион, шеќерот,циметот и по потреба се додава павлаката за да се добие убава густа смеса како крем за филување, а маргаринот се остава на страна за премачкување на кората.
4. Откога ќе стаса повторно тестото се расукува правоаголна кора со дебелина околу половина сантиметар. На пола од кората се нанесува од филот, а другата половина се премачкува со растопениот маграрин и се витка во ролат.
5. Се става во подмачкан плех, се премачкува со јајце и се посипува со сусам и се остава повторно да стасува.
6. Откога ќе стаса се пече во загреана рерна на 180-200Ц околу 30-40мин.