Торта Мост
Состојки
- За пандишпан
- 3 јајца
- 2 лажии млеко
- 2 лажици масло
- 6 лажици шеќер
- 1 ванила
- 1 прашок за пециво + 6-7 лажици брашно
- За фил
- 500мл млеко
- 2 кесиња пудинг-ванила
- 5 лажици шеќер
- 300г мелен бисквит
- 125г маргарин
- 200г ореви
Подготовка
Пандишпанот
Jајцата ги делиме, настрана белките настрана жолчките. Во белките го додаваме постепено шеќерот и матиме со миксер. Откако ќе добиеме снег ги матиме жолчките додека добиеме густа смеса, ги додаваме во белките и повторно матиме ги додаваме млекото, маслото, пецивото и ванилата.
Откако сите заедно ќе ги изматиме го додаваме брашното и промешуваме со лажица.
Смесата ја истураме во правоаголен калап и печеме на температура од 200С.
Фил
На тенџере на оган го ставаме 350мл млекото и шеќерот да зовријат. Пудинзите ги раствораме во 150мл останатото млеко и го додаваме во тенџерето на оган мешаме додека да се згусти. Откако ќе се згусти го оставаме да се излади. Во изладениот пудинг го додаваме маргаринот и матиме со миксер потоа ги додаваме мелените бисквити и оревите и повторно матиме. Јас додавам уште малку млеко во филот за да не ми е многу густ да може да се премачка. Исто и маргаринот го матам со миксер претходно за да не ми се прави грутчиња кога ќе го ставам во пудинкот, ама тоа е по желба. Ако не сакате не мора, но јас така правам.
За филување
Испечениот и изладениот пандишпан го сечеме на 3 еднакви делови. На површина ставете 1 дел од пандишпанот и филувајте ја со филот. Постапката повторете ја и со другите 2 делови. На крај премачкајте ја целата тортата со преостанатиот фил и декорирајте ја по желба. Јас ја имам декорирано со ореви и кесе шлаг со вкус на чоколадо
Добар апетит...