Испечати

Супа од брокула

Супа од брокула

Состојки

  • 1 мала главица кромид
  • 1 страк праз, само белиот дел
  • 1 страк бел целер
  • 1 средно голем компир
  • 1 средно голема главица брокула
  • 2 - 3 лажици масло
  • 1 лажица путер
  • по вкус сол, бибер
  • 1 коцка за пилешка супа
  • 50 гр Стилтон или друго плаво сирење

Подготовка

Во средно големо тенџере ставете го маслото да се загрее, па додајте го кромидот исечен на ситни коцки и пржете додека да се застакли. Додајте го путерот, целерот исечен на ребра, празот на кругови и компирот на мали коцки. Промешајте, намалете ја температурата на средна и оставете да пропржи. Искинете ги цветчињата брокула, малите дршки исечете ги на кругови и додајте ги кај другиот зеленчук. Додајте врела вода, околу 1 литар, па варете десетина минути. Додајте ги цветовите брокула, посолете, побиберете, додајте ја коцката за супа и варете додека зеленчукот сосем не омекни, уште околу 10 - 15 мин.
Тргнете на страна и со рачен блендер измиксирајте ја содржината во тенџерето. Дотерајте го вкусот и густината, ако додавате вода, нека проврие уште еднаш, па кога е сосем готова додајте го изронетото сирење и промешајте.
Сервирајте жешко, со тостиран леб.
Супата е исклучително вкусна, иако можеби необично ви делува....