Испечати

Италијана- погача со пармезан и зачински билки

Италијана- погача со пармезан и зачински билки

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 80 гр пченичен гриз
  • 2 главици лук
  • 1 сув квасец, 1 лажица пециво
  • 5 лажици рендан пармезан
  • 2 лажици суви мешани зачински билки
  • 1,5 лажичка сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • За премачкување
  • 5 лажици јогурт
  • 4-5 лажици рендан пармезан

Подготовка

Прекрасно чувство ве обзема кога ќе го почувствувате мирисот на лук и зачински билки при печењето на оваа погача.

1. Сите состојки за тестото, ситно сецканиот лук и зачините, се замесуваат со 400 мл топла вода. Се остава да стаса.
2. Откако тестото ќе стаса се размесува и од него се прави долго тесто и се врзува како врвка. Едниот крај кој доаѓа од долу се става на горниот дел, а тој што е од горе се става под погачата.
3. Се става во набрашнето тавче или на хартија за печење во загреана рерна на 180 степени.
4. Се пече околу половина час, да зарумени малку, па се вади за да се намачка (прелие) со јогурт и да се посипе со пармезан. Се враќа во рерна да се допече. Кога погачата ќе ја извадиме ја виткаме во кујнска крпа, додека да се излади.

Забелешка
Од зачински билки користев мајчина душица, оригано, малку копар, рузмарин и 1 лажица куркума. Можете да си ставите билки по желба, а исто така може да користите и свежи.