Испечати

Шери рум бомбици

Шери рум бомбици

Состојки

  • 1 белка
  • 100 гр шеќер
  • 150 гр мелен лешник
  • 100 гр мелени бисквити
  • 200 гр растопено црно чоколадо
  • 2 лажички рум
  • за полнење на бомбиците
  • 30 вишни од слатко исцедени од шербетот
  • за валкање на бомбиците
  • 150 гр црно чоколадо
  • 3 лажици масло
  • за декорација
  • 30 зрна лешник

Подготовка

- Во една вангличка се става белката, се мати со миксер и постепено се додава шеќерот. Се додаваат румот, растопеното чоколадо, бисквитите, лешниците
Сето убаво се изработува со рака за да се добие убава хомогена смеса. Ако е суво може да се додаде уште едно лажиче рум или малку од шербетот од слаткото со вишни.
Се земаат парчиња со големина на орев, во средината се става по една вишна, се формира бомбица и се редат на послужавник.
На страна над пареа се растопува 150 гр чоколадо со 3 лажици масло и секоја бобица се потопува во чоколадото. Се редат на хартија да се стегнат и се украсуваат со еден цел лешник.