Испечати

Погача од бајат леб

Погача од бајат леб

Состојки

  • 1/2 векна бајат леб
  • 4 јајца
  • 150-200 гр сирење
  • 50 мл масло за јадење
  • 1 свеж домат
  • 1 свежа зелена блага пиперка
  • 10-тина маслинки (без семки)
  • 50 мл млеко
  • 100 мл кисело млеко
  • 150-200 гр шунка
  • 150 гр кашкавал
  • 2-3 лажици мајонез
  • 50-60 гр презла
  • 50-60 гр сусам
  • малку магдонос
  • малку маргарин

Подготовка

1. Лебот се дроби на ситни залчиња
2. Во друг сад се матат јајцата и во нив се додава млекото, киселото млеко и сите други останати состојки, без сусамот и презлата
3. Со маргарин се премачкува тавата (бр 26 во мојот случај)
4. Се посипува половина од презлата врз премачканиот маргарин
5. Се истура смесата од бајат леб врз презлата и се расплескува низ целата тава
6. Од одзгора се посипува останатата половина од презлата
7. Се попрскува со сусам
8. Се става од озгора неколку парчиња мали маргарин
9. Се пече на 180-200 С околу половина час
10. Погачата се служи со убаво парче овчко сирење и чаша јогурт
  Ова е добар начин домаќинките кои имаат останат бајат, сув леб, кој е дел од нашето секојдневие, да го искористат за брз и вкусен појадок или вечера......Вкусно е, пробајте!
Пријатен апетит !