Испечати

Посни кокосови коцки

Посни кокосови коцки

Состојки

  • Тесто:
  • 30 лажици брашно
  • 20 лажици шеќер
  • 25 лажици масло
  • 35 лажици вода
  • 1 пакетче (8-10гр) пециво
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • (по желба) 1 лажица какао
  • Прелив
  • 100 мл вода
  • 125гр маргарин
  • 150гр чоколадо
  • 1 лажица какао
  • 100 гр шеќер
  • За валкање
  • 100 гр кокос

Подготовка

Во сад ставете ги шеќерот, водата и маслото. Мешајте со лажца да се стопи шеќерот на пола, потоа додајте ги останатите состојки и убаво соединете. На половина тесто може да ставите какао.
Смесата излијте ја во плех 20х30 см. обложен со хартија за печење. Печете во загреаана рерна на 200 степени додека зарумени околу 30-35 мин. Извадете и оставете да се олади.

Додека се лади спремете го преливот.
Во сад ставете ги шеќерот, водата и какаото да зовријат. Потоа додајте ги маргаринот и чоколадата исечкани на коцки. Оставете нека зоврие уште еднаш, потоа оставете го малку да подолади.
Сечете коцки и макајте ги во преливот потоа валкајте ги во кокос. Оставете ги 10 мин. во фрижидер и послужете ги.