Посен солен ролат од хељдини кори и шампињони
Состојки
- 500 гр готови хељдини кори
- 1 главица сецкан кромид
- 100 гр соини трошки потопени во вода 10 мин. и исцедени
- 1 кгр маринирани сецкани шампињони
- 1 мало лажиче сол
- 1 мало лажиче бибер
- кашичка за премачкување на корите
- 250 мл кисела вода
- 5 лажици брашно
- 1/2 коцка квасец
- 1 мало лажиче шеќер
- 1 мало лажиче сол
- 50 мл масло
- за премачкување одозгора потребно
- 1 јајце (ако се приготвува посен, може да се изостави)
- 50 гр сусам
Подготовка
Прво се подготвува смесата за премачкување на корите.
1. Се соединуваат киселата вода, квасецот, сол, шеќер, масло, брашно и се остава 20 минути да кисни.
2. Потоа на загреано масло се пропржува исецканиот кромид, се додаваат исцедените трошки од соја и исцедените шампињони. Се пржи се додека не испари течноста и се зачинува.
3. Се зема една кора, прво цела се мачка со смесата, на крајот на кората се нанесува фил и се витка ролат.
4. Се редат сите ролати во плех, се премачкуваат со јајцето , се наросува сусам и се печат.
Испечени се сечат на парчина.
Овој е многу вкусен и здрав ролат. Пробајте нема да згрешите.
Хељдините кори јас ги донесов од Ниш, но мислам во Скопје дека може да се купат.
Во 500 гр има само 7-8 кори, тие се подебели од вообичаените.
Овој е посен рецепт