Испечати

Пача со зеленчук

Пача со зеленчук

Состојки

  • 1 свинска глава
  • 2 свински коленици
  • 2 свински нозе
  • 1 корен пашканат
  • 2-3 моркови
  • 1 главица кромид
  • 1 главица лук
  • 10 зрна бибер
  • 3-4 ловорови листа
  • 1 китка сецкан магдонос
  • 2 лажици зачин
  • 1 лажица сол
  • 2-3 литри вода за варење

Подготовка

Прво се остава свинската глава заедно со колениците и нозете во вода да отстои 2-3 часа. Водата се процедува и се фрла.
Потоа во тенџере се налева вода, па се додаваат главата, зачините и зеленчукот исечен на крупни парчиња и се вари 4-5 саати.
Се процедува течноста од тенџерето, се чисти главата и колениците од коските, значи се остава месото, морковите се сецкаат.
Во сад се става од процедената течност, се става и од месото, се става сецкан магдонос и се остава на собна температура да се стегни. Се сечи на коцки.