Погача Трендафил
Состојки
- 1 кг брашно
- 2 јајца
- 1 лажица сол
- 2 лажици шеќер
- 1 лажица квасец
- 1 филџан масло
- 250мл вода
- 250мл млеко
- Кога ќе стаса за премачкување
- 1 јајце
- пола маргарин (125гр)
- по потреба/желба сусам
Подготовка
Сите состојки ги правиме тесто и ги оставаме да стасуваат 1 час и откако ќе стасаат ги правиме сите топчиња и ги ставаме во тепсија 38-40 по големина.
Повторно ги оставаме да стасуваат да се потполни тепсијата откако ќе стасаат ги премачкуваме со јајцето потоа ги накапуваме со маргаринот и на крај ги посипуваме со сусам.
Ја печиме на 250С откако ќе вцрвени ја исклучуваме рерната и оставаме уште половина час да зори.
На здравје.