Испечати

Турски рецепт за влажен колач

Турски рецепт за влажен колач

Состојки

  • пандишпан
  • 3 јајца
  • 1 чаша ( 250 )мл шеќер
  • 5 лажици какао
  • 1/2 чаша зејтин
  • 1 пакетче пециво
  • 1 пакетче ванила
  • 1/2 чаша млеко
  • 2 чаши брашно
  • За прелив на пандишпанот
  • 2 чаши млеко
  • Глазура
  • 1 чаша (250мл) млеко
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 1 чаша вода
  • 1/2 (50гр) чоколадо за готвење
  • Фил
  • 1 пакетче шлаг пена

Подготовка

Јајцата ги матиме заедно со шеќерот додека убаво не ни се згусти смесата. Го додаваме какаото 5 лажички и зејтинот. Во брашното ги додаваме пецивото и ванилата и промешуваме. Потоа го додаваме млекото и брашното и со миксерот промешуваме додека се изедначи смесата да нема грутчиња.

Подмачкуваме правоаголно плекче или ростер со зејтин и ја истураме смесата. Печеме на околу 180 до 200 степени времетраење (зависно од јачината на рерната) околу триесетина минути или проверете со чепкалка да не се лепи од тестото.
Чекаме добро да истине пандишпанот и го полеваме со млекото.

Го спремаме шлаг кремот со или без шеќер.
Овој колач не е многу благ можете и да додадете 2 до 3 лажици шеќер. Во тенџере ги ставаме сите состојки потребни за филот, чекаме да проврие. На крајот го додаваме чоколадото додека да се растопи. Го тргаме филот настрана додека сосем не истине. Го полеваме пандишпанот со филот.

По вкус може да изрендате чоколадо одозгора, но не мора.
Овој рецепт прв пат го пробав кај моја драга пријателка Мавиш, многу ми се допадна и еве го споделувам овде со вас. Колачот е многу лесен за јадење,не е многу благ како што спомнав погоре во текстот. Рецептот е турски
Големо благодарам за вкусниот рецепт до Мавиш. Се надевам дека и на вас ќе ви се допадне, ви посакувам добар апетит.