Новогодишни Корпи
Состојки
- 200 грама бела чоколада
- 200 грама црна чоколада
- 500 грама цели урми
- 1/2 тегла слатко од зрели смокви
- 100грама желе бомбони
- 50грама лешници
- 30-40 корпи
- 2-3 лажици зејтин
Подготовка
Колачињава се вкусни и брзо се подготвуваат, за нив не е потребно многу труд и време.
Се растопува прво белото чоколадо со една лажица зејтин и со лажичка се полнат дел од корпите.
Истото го правиме и со црната чоколада.
Половината од чоколадите ги оставаме за покривање на филот.
Ситно го сецкаме слаткото од смокви и ги полниме корпите врз нив го преливаме останатото чоколадо.
Украсуваме со желе или со лешник.
Урмите ги чистиме од семки и во нивната внатрешност ставаме неколку парчиња желе ги ставаме во корпи и ги полеваме со чоколадо.