Брзи лепени обланди
Состојки
- 15 лажици вода
- 15 лажици шеќер
- 125 гр маргарин
- 100 гр црно чоколадо
- 200 гр мелен орев
- 200 гр мелени бисквити
- 3 листа обланда пресечени на пола
Подготовка
Во тенџере на оган се ставаат шеќерот, водата, маргаринот, чоколадото да провријаат 4-5 минути.
Се трга од огнот и се додаваат оревите и бисквитите.
Додека смесата е млака се премачкуваат обландите, се редат една врз друга, се потиснуваат со потежок предмет за да се залепат и после 2-3 часа се сечат на парчиња.