Испечати

Чоколадирани полнети урмички

Чоколадирани полнети урмички

Состојки

  • 30-тина урми (пресни, а не пресовани во најлонска фолија)
  • 100 гр мелени ореви
  • 100 гр млеко (врело)
  • 1-2 лажици маргарин или путер
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 30 гр чоколадо
  • 2 жолчки
  • 170 гр чоколадо (за чоколадирање на урмите)

Подготовка

1. Мелените ореви се попаруваат со врелото млеко
2. Жолчките се варат на пареа со шеќерот во прав и во нив се додава чоколадото
3. Оревите и жолчките се соединуваат
4. Откако ќе се излади филот се додава матениот маргарин
5. Урмите се лупат и се вадат семките, но притоа да не се цепат урмите на два дела
6. Се полнат со филот и пак се затвараат
7. Се чоколадираат
8. Се служат во хартиени корпици
  Ова се едни од колачите кои ги подготвив вчера за името на ќерка ми Стефи. Нека е жива и здрава и вечно нека и е именцето !!!
Пријатен апетит !