Испечати

Раскошен солен ролат

Раскошен солен ролат

Состојки

  • за тесто потребно е
  • 6 јајца
  • 6 лажици брашно
  • 50 мл масло
  • 250 мл јогурт
  • 500 гр бланширан и исцеден спанаќ
  • за ролати од палачинки
  • 8 претходно испржени палачинки
  • 8 кругови поширока шунка
  • 100 гр кисела павлака
  • за фил потребно е
  • 500 гр урда
  • 200 гр ајвар
  • 400 гр кисела павлака
  • 70 гр потпечен сусам
  • 1 лажица букова сол

Подготовка

1. Прво секоја палачинка се премачкува со павлака, па се става еден круг шунка и се витка ролат. Така се постапува со сите палачинки и им се сечат краевите.
Се приготвува зеленото тесто на сл. Начин.
2. Во еден сад се матат јајцата со сол, па се додаваат маслото, јогуртот, бланшираниот спанаќ и брашното, се истура смесата во правоаголен плех и се печи. Испеченото тесто се дели на 2 дела по должина.
3. Фил-во вангличка се соединуваат урдата, буковецот, сусамот, ајвар и павлаката.
4. Прво на послужавник се става зеленото тесто и се премачкува со филот.
Врз него се редат палачинки во 3 реда по 2 (или по 3, во зависност од плехот)
Празнините меѓу палачинките се полнат со фил и цела торта се премачкува со фил.Одозгора се нанесува вториот дел од зеленото тесто и цела торта се премачкува со остатокот од филот.Се наросува со малку сусам. Пред служење се чува 3 часа во фрижидер.