Испечати

Ролат со свинско од баба Рада

Ролат со свинско од баба Рада

Состојки

  • 2 кг. свинска кртина
  • За фил
  • 8 кругови шунка
  • 1 чаша (200 мл.) грашок од конзерва
  • 4 моркови
  • Останато
  • 5-8 кришки сланина
  • 1/2 чаша вино

Подготовка

Ова е рецепт на мојата свекрва Рада - мајстор за специјалитети. Имам уште многу да учам од неа...

Месото се расекува како квадрат 30х30 см. Се зачинува (сол, бибер, зачини по желба). На едната половина се редат круговите шунка. Врз нив се распоредува грашокот и морковите и внимателно со помош на фолија се витка ролатот и се зачинува. Одозгора се редат парчињата сланина и ролатот се врзува со конец.
Се става во правоаголна тава во која се додава 1/2 чаша вода. Се покрива со алу-фолија и се става да се пече на 200 степени. По еден час се полева со 1/2 чаша вино и се превртува. Повторно се покрива со фолијата и се враќа во рерна.
При крај на печењето, фолијата се отстранува, за да се потпече сланината.
Печењето трае околу 2 часа.

Добар апетит!