Испечати

Колачиња со лешник

Колачиња со лешник

Состојки

  • 250гр маргарин
  • 1 јајце
  • 1 жолчка-јајце
  • 1 чаша (200мл) шеќер во прав
  • 1 пециво
  • 15-16 лажици брашно
  • 300гр лешник

Подготовка

Маргаринот, јајцето, жолчката сите заедно ги соединуваме го додаваме пецивото, шеќерот во прав и повторно ги соединуваме. Го додаваме брашното и правиме тесто во тестото додаваме 200гр мелен лешник и повторно сите заедно ги соединуваме.
Тестото го делиме на 30-35 колачиња. Ги правиме топчиња и ги плескаме по желба на големина. Ги ставаме на плех за печење и ги премачкуваме со жолчкатат од горе и ги посипуваме со мелените 100гр лешник.
Печеме додека да се добие златна боја. На здравје...