Курешки
Состојки
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 200 гр орев сецкан на должина
- 50 гр црно чоколадо
Подготовка
Над пареа се матат жолчките со шеќерот се додека не се згуснат.
Потоа се додаваат оревите.се меша.
Со помош на лажиче се редат курешките на фолија и се оставаат на воздух да се просушат.
Во половина од смесата може да се додаде 50 гр растопено чоколадо, за да се добијат и кафени курешки.
Многу брзи, вкусни колачи