Крцкаво полнето лепче
Состојки
- Фил
- 70-100 гр путер
- 25 мл маслиново масло
- 100 гр кашкавал
- 1 лажичка мак-афион
- 2 чешниња лук
- 3 лажици ситно сецкан кромид
- 1 лажичка сенф
- 2-3 лажици ситно сецкан магдонос
- 100 гр чајна кобасица
- 1 леб (подобро е да е ладно лепче)
Подготовка
Здрaво на сите. Одамна ги читам и пробувам вашите рецепти и ОДЛИЧНИ СЕ СИТЕ. Прво сакав да се претставам со друг рецепт за маринирано пилешко, но во недостиг на фотографии (додека да го направам пак и да сликам..хахаха), ќе се запознаеме преку ова вкусно парче крцкаво лепче. Рецептот за ова крцкаво лепче го видов некаде (искрено не паметам каде) но ме предизвика и од тогаш редовно го правам. Превкусно е, ќе видите.
Прво да го подготвиме филот
Во керамичко садче растопете го путерот (на парно или на шпорет) и додадете го маслиновото, ситно сецкан лукот и кромидот, сенфот, зачините и убаво измешајте. Мммммм веќе пријатно мириса.
Сега земете едно ладно лепче и со остар нож направете засеци на секои 2-3 цм, но не сечете до дното. Сечете така да цел леб го направите баклавки. Со мало лажиче внимателно од филот пополнете го секој засек од лебот, колку можете подлабоко за да впие целото лепче. Одозгора во секој засек ставете по едно мало парче од кашкавалот, а јас сакам да додадам и по едно мало парче чајна кобасица. Така наполнетиот леб завиткајте го во алуминиумска фолија и ставете го 10 тина минути во рерна на околу 170 степени. Потоа отворено нека се потпече уште 5-10 мин, да порумени и да стане крцкаво. И ете! Готово е... Ќе уживате. Навистина е вкусно и може да послужи како доручек или вечера, а јас често знам да го послужам како предјадење кога имам гости за ручек и никогаш не останало ни едно парченце од него.
Добар апетит!!!