Куглоф со кокос и јогурт
Состојки
- 5 јајца
- 300 гр шеќер
- 100 мл масло за јадење
- 200 мл јогурт
- 100гр кокос
- 1 пакетче прашок за пециво + 150гр брашно
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1-2 лажици какао
- 30-40 гр суво грозје
- 50 гр сечкани ореви
- 1/2 лажиче цимет
- малку рендана кора од портокал
- за декорација чоколаден прелив
- за декорација шеќер во прав
Подготовка
1. Јајцата се матат пенасто со шеќерот
2. Се додава маслото за јадење, па јогуртот и се исклучува миксерот
3. Потоа се додаваат сите останати состојки, освен какаото и циметот
4. Се одвојува од смесата 1/5 и во неа се додава какаото и циметот
5. Во калап за куглоф, премачкан со маргарин и малку брашно се истура половина од белата смеса
6. Врз белата смеса се истура кафената смеса со цимет само во средината на калапот
7. Најозгора пак се става остатокот од белата смеса
8. Се пече во загреана рерна на 180 С околу 30-40 минути
9. Се превртува куглофот од калапот во чинија
10. Се декорира со шеќер во прав и чоколаден прелив
Пријатен апетит !