Испечати

Салата со фета, печурки и ореви

Салата со фета, печурки и ореви

Состојки

  • 200 гр фета сирење
  • 2-3 лажици мајонез
  • 3-4 лажици павлака (20%масленост)
  • 60-70 гр мечурки шампињони или буковки (ситно исечкани и пропржени на малку масло за јадење)
  • 70-80 гр пушена сланина (на ситни коцки исечкана)
  • 1 лажица мешан зачин
  • 1 лажица буковец
  • 3-4 лажици сечкани и потпечени ореви
  • 2 лажици сусам
  • 1 лажиче сенф

Подготовка

1. Печурките ситно се сечкаат и се пропржуваат на малку масло
2. Сланината ситно се сечка на коцкички
3. Фета сирењето се изгмечува со вилушка
4. Оревите се потпекуваат малку за да добијат подобар вкус
5. Сите состојки заедно се промешуваат
6. Салатата добро се лади во фрижидер
7. Се служи како мезе или како додаток на чипс или некои солени стапчиња