Посни мармаладки
Состојки
- 4 филџанчиња (125мл) масло за јадење
- 2 филџанчиња топла вода
- 1 коцка квасец пресен
- 3-4 лажици шеќер
- 1/2 пакетче прашок за печиво
- 900 -1000 гр брашно
- 1/2 тегла мармалад или џем од црни сливи
- малку шеќер во прав
Подготовка
1. Квасецот се раствара во малку топла вода
2. Сите состојки заедно се замесуваат со топла вода
Од тестото се прават околу 50 помали топчиња со големина како еден поголем орев
3. Од секое топче се развлекува мала коричка околу 10-тина сантиметри
4. На секоја коричка се става мармалад по малку
5. Со сите прсти на раката се опфаќаат страните на коричката и се соединуваат, се залепуваат како уштипци
6. Се редат во ненамрсен плех од рерната
7. Се печат во загреана рерна на 180 С околу 10-15 мин. Додека се топли се валкаат во шеќер во прав
8. Се служат
Овие мармалатки се како и старите добри ванилички, па колку подолго стојат-толку се и подобри....Пријатен апетит!