Испечати

Бадникови тригони со дуњи

Бадникови тригони со дуњи

Состојки

  • 500гр кори за пита
  • 1кг јаболка
  • 2 дуњи
  • 4 лажици гриз
  • 4 лажици мелени бисквити
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажичка цимет
  • 150 гр шеќер
  • прелив
  • 200гр шеќер
  • 350мл вода
  • 2 ванили

Подготовка

Убава богата посна штрудла со преубав мирис
фил
Јаболката се лупат и се рендаат на покрупната страна од рендето.Исто се постапува и со дуњите.Во подлабок сад се мешаат јаболката,дуњите,шеќерот,гризот,диметот.Се остава смесата да одстои 10 минути а потоа се исцедува вишокот течност и се собира во чаша.
Се зема една кора и се попрскува со зејтин. Над неа се става друга кора која исто се попрскува со зејтин. Корите се сечат по должина на 4 ленти. На почетокот на секоја лента се става една лажица од филот и се виткаат тригони. Се редат во подмачкан плех и се преливаат со прелив од
сокот што го испуштија јаболката се меша со 100мл зејтин,100мл вода и 1лажица мед. Убаво со четкичка се премачкуваат тригоните и се печат на 180 степени околу 30 минути.
прелив 2
Шеќерот се става да врие со водата и ванилата околу 5 минути.
Одкако ќе се испечат тригоните уште врели се преливаат со 2 прелив и се враќаат во исклучена рерна 3-5 минути.