Испечати

Полнето свинско каре

Полнето свинско каре

Состојки

  • 1кг. свинско месо
  • 500гр. свежи шампињони
  • 5-6 парчиња свинска печеница(околу 60гр.)
  • 5-6 парчиња кашкавал плочки
  • за маринирање...
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажиче мало мед
  • 2 лажици винска киселина
  • 1 чаша(250мл.) вода топла
  • 7-8 лажици масло,црн пипер,сув зачин
  • за прилог...компир,морков,печурки

Подготовка

Комплетен ручек заедно со зеленчук приготвен во еден сад, за посебни прилики како оваа денешна Божиќна приказна.
Кога се одлучите за ваков оброк потребно е ден претходно да се стави во маринада месото, односно преку ноќ,. Таа се приготвува така што во топлата вода се топи медот, се става сенфот и киселината, месото се зарежува во внатрешноста т.е. се формира џеб кој наредниот ден ќе се полни, притоа се става од маринадата во џебот и се полева одозгора, се зачинува нека си преноќи.
Свежите шампињони се сечат по вертикала на парчиња, се раширува месниот џеб и се полни печурки, печеница, кашкавал, максимално наполнете колку бери, се затвора со чепкалки добро сите состојки да си останат внатре.
Оставаме уште малку во маринада нека стои во сад каде ќе го печиме се обложува алуминиум фолија, да ги прекрива и ѕидовите се става масло најдолу.
Се сечат на крупно компири и моркови и остатокот од печурки наокулу. Во средината месото се става и најгоре се прекрива со по некој лист печурки, повторно малку масло се залева и уште 100мл. вода, се става,,капак,, од фолија комплетно завиени сите продукти.
Се печи на 200- 90 минути, после се вади т.н. капак од фолијата и се остава самостојно да се печи уште 30 мин. па е готово.На здравје!