Султаново око
Состојки
- 300 гр суви смокви
- 100 гр јатки орев
- црна смеса
- 100 мл вода
- 50 гр црно чоколадо
- 125 гр маргарин
- 160 гр мелени бисквити
- 120 гр мелен орев
- 150 гр шеќер
- бела смеса
- 150 гр шеќер
- 100 мл вода
- 125 гр маргарин
- 125 гр млеко во прав
- 120 гр кокос
- 100 гр кокос за валкање
Подготовка
1. Прво на секоја сува смоква и се вадат дршките, со ноже се прави мал отвор и се полни со јатки орев.
2. Потоа во тенџере на оган се ставвата 150 гр шеќер, 100 мл вода,50 гр чоколадо, 125 гр маргарин да провријаат 3-4 минути.
Се трга од оган и се додаваат 160 гр мелени бисквити и 120 гр мелен орев.
3. Во друго тенџере на оган се ставаат 150 гр шеќер,100 мл вода,125 гр маргарин да провријаат 3-4 минути.
Се трга од оган и се мати со миксер, при што се додава 125 гр просеано млеко во прав и на крај се додаваат 120 гр кокос.
4. Се зема секоја наполнета смоква и прво се обложува убаво со црната смеса.
5. Се оставаат да се стегнат.
6. Потоа секоја црна бомбица, се обмотува со белата смеса.
7. Се валкаат во кокос.
8. Се оставаат убаво да се стегнат, па се сечат на половинки.
Многу декоративни и вкусни колачи.