Испечати

Брзи и лесни орев коцки

Брзи и лесни орев коцки

Состојки

  • 7 лажици вода
  • 7 лажици шеќер
  • 70 гр маргарин
  • 80 гр чоколадо
  • 100 гр мелени бисквити
  • 100 гр мелени ореви
  • 25-30 јатки орев за декорација

Подготовка

Во тенџере на оган се ставаат водата, шеќерот, маргаринот, чоколадото да провријаат 2-3 минути.
Се трга на страна и се додаваат бисквитите и оревите.
Смесата се распоредува на даска, се остава да се стегни, а потоа се сечи на коцки.
На секоја коцка се става по една јатка, која претходно е премачкана со малку растопено чоколадо, за да се залепи.