Карамел мафини
Состојки
- потребно за кора
- 300 гр брашно
- 170 гр шеќер
- 2 јајца
- 250 мл млеко
- 100 гр растопен путер
- 1 пециво
- 2 лаж какао
- 18-20 карамел бомбони
- потрено за крем
- 200 гр карамели
- 100 мл млеко
- 300 мл слатка павлака
- 80 гр путер
Подготовка
Брашното, шеќерот и пециво измешајте ги заедно во еден сад одозгора скршете ги јајцата. Млекото со путерот загрејте го колку да се растопи путерот и оставете го да се излади. Постепено додадете го во другите состојки мешајки со рачна маталка да се соединат сите состојки на крај додадете го какаото и повторно измешајте.
Калапот за мафини подмачкан со путер. Ставете со лажица од смесата за мафини, па ставете една карамела и одозгора повторно од смесата за мафини да ја покриете карамелата.
Печете в загрена релна на 220 степени, по потреба се намалува температурата.
Подготовка на кремот.
Карамелите ги ставаме во сад со млекото и ги растопуваме потоа вариме додека да се подзгусти карамелот. Оставаме да се излади кремот.
Путерот го матиме и во него ја додаваме слатката павлака матиме да добиеме густ крем во него го додаваме изладениот крем од карамелот тогаш промешуваме со рачна маталка. Карамел мафините ги филуваме со помош на шприц со кремот.