Испечати

Корпи колачи полнети со мармалад

Корпи колачи полнети со мармалад

Состојки

  • 250 гр зејтин
  • 500 гр брашно
  • 1 лажица шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 125 гр бело вино
  • по потреба/желба мармалад

Подготовка

Посни, едноставни, вкусни колачиња.

Го замесуваме тестото, го расукуваме и вадиме со кругови или пак ако имате модла на цвет користете ја таа. Јас имав модли на срце, вадев од него, па ги спојував, ама правев и со кругови. Тестото ставајте го во модла за мафини. Печеме на 230 степени да поцрвенат.
Откако ќе се изладат се полнат со мармалад и врз нив ставаме шеќер во прав.
Убави се да отстојат околу 2 часа пред да се јадат.