Испечати

Декоративна салата

Декоративна салата

Состојки

  • 1 тегличка шампињон
  • малку магданос и млад кромид
  • малку варено месо или сувомеснато
  • 2 моркова
  • 200 гр. кашкавал
  • 3 средни по големина компири
  • 3 корнишона
  • по потреба мајонез

Подготовка

Типична мајонез салата, наредена малку поинаку, делува како попразнично.
 
- Сварените компири излупете ги и изрендајте
- Изрендајте го морковот од туршија, доколку немате, сварете го до лесно омекнување
- Вареното месо насецкајте го.
- Краставичките кисели (корнишонот) исецкајте ги или изрендајте.
- Кашкавалот нарендајте го
- Магданосот исецкајте го

Оформување
Во подлабок сад ставете прозирна фолија, ставете ги шампињоните свртени надолу, врз нив ставете го сецканиот магданос и зелениот кромид, врз него ставете од ренданиот компир. Покријте со мајонез и добро налегнете. Потоа ставете ги крастивичките, пак мајонез, покријте со сецканото месо, мајонез, ренданиот морков, мајонез, за да на крај само затворите со ренданиот кашкавал. За целот време при мачкањето на мајонезот добро налегнувате со лажицата.
- Оставете кратко време да одстои за да се спојат сите состојки и безбедно да можете да ја превртите чинијата на другиот сад кој сте го избрале за да ја поставите салатата.
Совет
- Можете да си додадете состојки повеќе зависно колкава по количина салата сакате да направите.
- Кој има прстен за оформување, не мора да ја реди така салатата, може да почне да ја реди обратно за да заврши со шампињоните и по кратко одстојување само се извади прстенот(обарчот) во кој сте ја ределе салатата.