Пилешка салата со мајонез и сенф
Состојки
- 1 тегла (1 кг ) мајонез
- 1 парче копан со поткопан
- 1 парче само копан
- 5-6 моркови
- 1 тегличка од 1 кг кисели краставички
- 10 компири (средна големина)
- 4 јајца
- 1 лажица сенф
- 1 лимон
Подготовка
Време на празници, време на убави мигови.
Нека ви е среќна новава година.
Еве една салата со која можете да ја збогатите вашата трпеза.
Сварете ги копанот и поткопанот во посолена вода.
Откако ќе изладат исчистете го мевцето и исцепкајте го на ситни парченца.
Компирите сварете ги, а морковите обарете ги.
Јајцата исто така сварете ги.
Откако се оладени јајцата лупете и рендајте ги.
Морковите и компирите исто така изрендајте ги.
Краставичките изрендајте ги и целата смеса промешајте ја.
Додадете ја теглата со мајонез и сенфот.
Посолете и посипете сок од еден лимон.
Промешајте добро па сервирајте.
Декорирајте по ваша желба.
Ова беше дел од мојата новогодишна трпеза.
На здравје.