Испечати

Пита со јаболки, сусам и презла

Пита со јаболки, сусам и презла

Состојки

  • 25 тенки кори или ½ кг кори
  • 5-6 рендани јаболки
  • по потреба презлка, шеќер, сусам, се по околу 100 гр
  • 1 маргарин

Подготовка

Овој прекрасен рецепт ми е од мојата драга колешка Мирјана, од која научив доста готвачки „финти“ и рецепти. Ролатот е многу вкусен, јаболката во него не поцрнуваат, остануваат такви како што се во моментот на рендање, а сусамот му дава посебен шмек.

1. Се редат по пет кори помеѓу кои со лажица се става, од стопениот маргарин, се попрскува шеќер, презла и сусам ( околу два- три прстофати од секоја состојка), а на почетокот на последната кора се ставаат ренданите јаболки.
2. Се витка во ролат и се става во тавче, намрсено или на хартија за печење. Ролатите може исто така да ги намрсите малку со масло или стопениот маргарин. Се пече на 200 степени, додека да порумени.
3. На крајот преку цедалче попрскуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Ако ви се тенки корите ќе одат по 5 во секој ролат, ако ви се подебелки ставајте помалку кори.
Јас лично не користев маргарин иако сум го користела претходно кога сум ја правела рецептава. Сега го направив со палмово масло и зејтин, а вкусот ептен беше убав.
Инаку немам мерка за презлата, сусамот и шеќерот. Ставам од око, ама ставам да има, така да се познава на секоја кора.