Видео рецепт: Бавно печено јунешко во Овална Ростер тава
Состојки
- 1 килограм јунешко
- 3 големи моркови
- 1 трупка
- 3 стапчиња целер
- 3 чешниња лук
- 3 ловорови листови
- 1 голем бел кромид
- малку Гранчиња свежа мајчина душичка
- 25 грама путер
- 1 лажичка шеќер
- 2 супени лажици брашно
- 1 говедска коцка за супа
- Ќе ви треба и:
- малку Сол, бибер, вода и маслиново масло
Убаво печено јадење за чија подготовка се потребни повеќе од 2 – 3 часа е одлична асоцијација за неделен ручек. Куќата е преполна со мирисот на ручекот и кај секој член на семејството го зголемува исчекувањето на јадењето. Овој рецепт нема да ве разочара.
Состојки
- 1 килограм јунешко
- 3 големи моркови
- 1 трупка
- 3 стапчиња целер
- 3 чешниња лук
- 3 ловорови листови
- 1 голем бел кромид
- Гранчиња свежа мајчина душичка
- 25 грама путер
- 1 лажичка шеќер
- 2 супени лажици брашно
- 1 говедска коцка за супа
Ќе ви треба и:
- Сол, бибер, вода и маслиново масло
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Овална Ростер тава.
Подготовка
Чекор 1: Земете го месото, покријте го со маслиново масло и зачини и пржете го 5 – 10 минути од сите страни.
Извадете го од тавата и подгответе го зеленчукот.
Чекор 2: Излупете ги и исечкајте ги морковите на поголеми парчиња. Зеленчукот заедно со месото ќе се подготвуваат 2 – 3 часа, а не сакате зеленчукот да се распадне. Додадете ја трупката за вкус, 3 стапчиња целер, чешнињата лук, листовите ловор, свежата мајчина душичка и потпржете ги во сокот од месото. Додадете го брашното за да се згусне сосот и на крај додадете чаша вода и коцката за супа. Не ставајте многу вода, доволно е само колку да го покрие зеленчукот и да има течност додека се пече месото.
Чекор 3: Вратете го месото во средината на Ростер тавата за печење и покријте го со капакот. Печете 2,5 часа на 150 степени. Не го брзајте јадењето бидејќи е потребно подолго време за да се комбинираат вкусовите. Делимано тавата со специјално дизајнираниот капак овозможува зачувување на сите вкусови во јадењето.
Чекор 4: Извадете го јадењето од рерна и оставете го малку да се олади пред да го послужите. Исечете дебели парчиња од јунешкото и послужете во чинија со зеленчукот. Сосот ќе ве ВООДУШЕВИ!
Погледнете го видеото: Како да направите украсна машна.
СОВЕТ: На истиот начин можете да подготвувате и свинско месо, но играјте си со вкусовите – заедно со месото испечете и компири или пак 1 час пред да го извадите од рерна додадете и малку леќа.