Грчки кадаиф
Состојки
- 500 гр грчки кадаиф
- 125 гр маргарин
- 5 лажици масло
- 200 гр крупно сецкан орев
- 1 кесе цимет
- 600 гр шеќер
- 700 мл вода
- 1 лимон
Подготовка
Се зема кадаифот и по потреба може да се стави меѓу две влажни крпи малку да омекни за поубаво да се витка.
Се сечат парчиња долги по 10 цм одприлика, на крајот се става по пола лажиче сецкан орев измешан со цимет, се витка како мала сармичка и се редат во подмачкано плехче.
Така се постапува додека да се истроши целиот материјал,
на крај се попрскуваат со 125 гр маргарин и 5 лажици зејтин растопени во еден сад.
се печи на 170 степени додека да се добие златна боја.
Се лади.
На страна се става во тенџере 600 гр шеќер и 700 мл вода, се додава лимон и се вари среден шербет.
Со ладен шербет се прелива ладниот кадаиф.