Бомбици од суво овошје и чоколадо
Состојки
- 100 гр брусница
- 100 гр суви смокви
- 100 гр суво грозје
- 100 гр црно чоколадо
- 100 гр мелен орев
- 50 гр кандирана кора од портокал
- 100 гр растопено црно чоколадо за обложување на бомбиците
- 20 зрна шеќерни бисерчиња
Подготовка
Цело суво овошје се мели на машина за месо, се додава 100 гр растопено чоколадо и убаво се меси со рака.
Се формираат бомбици.
Се потопуваат во 100 гр растопено чоколадо и се украсуваат со бело бисерче.