Сиртаки торта
Состојки
- 15 јајца
- 40 лажици шеќер
- 12 лажици мелени бисквити
- 15 лажици сецкан орев по должина
- 500 мл млеко
- 5 лажици густин
- 250 гр маргарин
- 200 гр сецкани урми
- 200 гр сецкан орев
- 200 гр сецкано чоколадо со 70% какао маса
- 200 мл слатка павлака
Подготовка
1. Се прават 3 теста од по 5 изматени белки, 7 лажици шеќер, 4 лажици мелени бисквити,5 лажици сецкан орев.
Се ладат.
2. На страна во 500 мл млеко се додаваат 5 лажици густин и 4 лажици шеќер и се вари до згуснување. Кога е изладено му се додава еден изматен маргарин.
3. Во друг сад над пареа се матат 15 жолчки со 15 лажици шеќер до згуснување. Двата фила се соединуваат. Се додаваат оревите, урмите и чоколадото.
4. Тортата се филува кора, фил и се остава да се стегни и се украсува со 200 мл изматена слатка павлака.