Испечати

Папрењаци

Папрењаци

Состојки

  • 2 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. мед
  • 250 гр. путер или маргарин
  • 1 лажица маст
  • 45 гр. мелени ореви
  • 1 кгр. брашно
  • 3 лажици мелен цимет
  • 1 лажица мускатно оревче
  • 1 лажичка мелен бибер
  • 5-6 зрна ситно здробено каранфилче или пак сомелете го
  • на врв на ножот пимент, рендана кора од 1 лимон

Подготовка

Овие Папрењаци по рецепт на Милица.

- Пенесто изматете го путерот или маргаринот со маста, додајте ги останатите состојки, а на крај брашното.
- Добиената смеса месете ја толку долго додека не почне да ви се само одлепува од рацете, замотајте го во прозирна фолија, оставете да одстои 2 часа.
- Поставете го тестото врз прозирна фолија, ставете и врз него фолија, така полесно се сука и нема да додавате брашно. Расукајте кора во дебелина од 1/2 см. Вадете со калапи формите на колачите и тоа со оние за ситни колачи и со кои располагате. Наредете ги во подмачкан и побрашнет плех, печете ги на 180 степени кратко време. Кога ќе забележите дека поруменуваат готови се. Извадете ги.
- доколку сакате да ги шарите, направете глазура од 250 гр. шеќер во прав, 2 лажици сок од лимон и 1 белка - сматете го сето тоа и шарајте. Но секако се добри и нешарани.
Совет
-Од оваа количина на состојките излегуваат многу колачи околу 100-тина, ма комотно може да работите и со од половина состојки, а многу се убави и за Божиќен дар.
- Папрењаците се добри за служење после 2-3 дена, а до тогаш чувајте ги во затворена лимена кутија. Можат да стојат подолго време.
- Убаво е да се има токму калапот за папрењаците кој е дрвен, со влдабени орнаменти, ги има и врежани на дрвена оклагија, но ништо не смета ако се сечат со модли со какви располагате.