Бадниково лепче
Состојки
- 250 мл млака вода
- 1 квасец
- 50 мл маслиново масло
- 1 лажичка сол
- пола лажичка шеќер
- 1 лажичка сусам
- 1 лажичка буковец
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка семки од сончоглед
- 1 лажичка семки од тиква
- 1 лажичка ленено семе
- 1 лажичка афион
- 500 гр брашно
- 1 лажица палента
Подготовка
Од горе наведените состојки се замесува тесто понамеко и се остава да кисни 20 минути.Потоа пак се размесува, се прави векна, кисни уште 15 минути и се печи на 180 степени.
По желба од тестото може да се направат топчиња 7-8 и во едно од нив да се тури паричка за бадниковата вечер.