Мафини со ориз од готови кори
Состојки
- 4 парчиња готови кори
- 1 чаша зејтин
- 2/3 од чаша кисела вода
- 2 чаши брашно
- 1 кесичка (125грама) готварски ориз
- 100гр растителен кашкавал
- 2-3 цели шампињони
- 1 пециво
Подготовка
1. Се мешаат сувите состојки и се додаваат течните.
2. Сварете го готварскиот ориз (може да користете и обичен, само внимавајте да не се превари)
2. Подгответе ги корите за употреба, ставете две кори една врз друга, исечете ги на коцки од прилика големина да ја надмине со два прста ширината на калапот за мафини.
3. Намрсете го калапот со малку зејтин и наместете ги корите.
4. Ставете по една лажица во корите, па ставете една лажица ориз и една коцка кашкавал.
5. Покријте со една лажица од смесата за мафини. Одозгора ставете пола шампињон.
Се печат 20тина минути на 200 степени. Оставете ги на салфетка да го впијат вишокот зејтин.
Јас сум зависник од сусам, па ги наросив одозгора малку.
Плус на истиов начин направив и новогодишна ѕвезда (последната слика), користејќи соодветен калап, за која искористив дупло повеќе состојки кои беа потребни за една мафина, во која со оризот ставив и сецкани печурки и кечап.