Испечати

Туна салата со пченка

Туна салата со пченка

Состојки

  • 4 конзерви туна филети (á 185гр.)
  • 1 мала тегла маринирани печурки
  • 6 варени јајца
  • 1/2 тегла кисели краставички
  • 200гр. варена пченка
  • 5 лажици мајонез
  • 3 лажици кисела павлака
  • сол, бибер

Подготовка

Туната исцедете ја добро од зејтинот. Јајцата и киселити краставички исечкајте ги не многу ситно. Во длабок сад ставете ја туната, додадете ги исцедените печурки, варената пченка, јајцата и краставичките исцедени од течноста. Додадете го мајонезот и павлаката, посолете и побиберете и се убаво промешајте. Ставете ја салатата во фрижидер да отстои неколку часа пред послужување.

Јас овојпат во салатата ги ставив само варените белки од јајца кои ми останаа од крекерите со жолтиот крем.