Испечати

Сусам крекери со жолт крем

Сусам крекери со жолт крем

Состојки

  • Тесто за крекери
  • 150гр. брашно
  • 1 жолчка
  • 50гр. омекнат путер
  • 75гр. павлака
  • 2 лажици сусам
  • 1/4 лажиче сол
  • сусам за валкање
  • Жолт крем
  • 6 варени жолчки
  • 25гр. омекнат путер
  • 150гр. крем сир
  • сол, бибер
  • на врв нож чили во прав

Подготовка

Сите состојки за тестото ставете ги во еден длабок сад и замесете тесто. Оформете ролна долга 25см. и извалкајте ја во сусам. Завиткајте во стреч фолија и ставете во фрижидер половина час да да се стегне.
Рерната загрејте ја на 180°. Во плехот од рерната ставете хартија за печење.
Со остар нож сечете парчиња од тестото со дебелина нешто помалку од 1см. Ставете ги во плехот и печете 20 мин. додека поруменат. Оставете убаво да се оладат.

За кремот, со вилушка иситнете ги убаво жолчките па промешајте со путерот. Додадете крем сир и зачините. Убаво измешајте за да добиете цврст крем. Кремот нанесете го врз крекерите пред сервирање. Доколку стои во фрижидер и потоа ви се гледа дека е многу „сув“ кремот, додадете уште една лажица крем сир и убаво измешајте. Ставете во готварски шприц и нанесете врз крекерите. Одозгора наросете со сув магдонос и власец.