Бела слатка пита со леден (лицитарски) квасец
Состојки
- За корите
- 300 гр. брашно
- 50 гр. свинска маст
- 5 лажици шеќер
- 1 јајце
- 10 гр. леден квасец
- 100 мл. млеко
- Фил
- 250 гр. путер или маргарин
- 250 гр. шеќер
- 1 ванила
- 500 мл. млеко
- 6 лажици рамно наполнети - густин
- 1 кеса шлаг
Подготовка
Ледениот квасец, амониум бикарбонат или лицидерски квасец е прашкаст производ кој се користи како замена за пециво и содата бикарбона.Тоа што испушта повеќе гасови во текот на печењето и се разлага на вода, амонијак и карбон диоксид - го подигнуваат тестото, потполно испарува, го прави тестото сосема лесно, воздушесто. Овој квасец сосема да се разликува од својствата на содата и пецивото.
Се користи за кекси, крекери - односно за тенки теста. Не се препорачува за торти и киснати теста, како што кажав, за тенки теста. Кексите спремани со овој квасец се крцкави.
Воопшто не е опасен ако ги следите упатствата како се спрема и во која количина. Има само една маана... додека се печат корите - од разлагањето се создава еден мирис кој пак и не е толку непријатен, трае додека се печат, не остава трага.
Оваа пита доколку не можете да најдете леден квасец можете да ја спремите и со пециво, но текстурата на самите кори не е иста. Наместо 10 гр. леден квасец ставете 2 лажички пециво.
Со ледениот квасец спреманата пита откако ке одстои еден ден станува нешто најмеко - корите впијат дел од филот така што границата помеѓу кората и филот е сосема мала. Затоа велиме дека оваа пита е најкремастото нешто што сме пробале, а сега еве како да ја спремите
Подготовка на корите
- Ледениот квасец разматете го во млекото.
- Оставете ја маста да омекне на собна температура, додадје го во неа шеќерот и пенасто изматете ја со миксер, додадете го јајцето и продолжете да матите. Потоа додадете го растворениот леден квасец матете да се спојат, по што ќе почнете да додавате постепено од брашното и замесете меко тесто. Ако се појави потреба додадете уште малку брашно (зависи од типот на брашното) Мора да измесите фино меко тесто податно за работа. Поделете го на 4ри еднакви дела.
- Секој дел од тестото исукајте го во тенка кора врз хартија за печење, ставете на опачината на плехот и печете во предходно загреана рерна на 200 степени околу 6-7 минути. Вадете ги веднаш откако ќе забележите дека од страните почнала кафенкаста боја. Мора да ви останат бели. На овој начин спремети ги сите кори и печени оставете ги да оладат.
Потрудете се што потенко да ги исукате бидејки тие нараснуваат.
Подготовка на филот
- Омекнатиот путер пенесто изматете го со миксер постепено додавајки го шеќерот во прав и ванилата. Оставете настрана.
-Одмерете 400 мл млеко, а во 100 мл. млеко растворете го густинот. Млекото ставете го на ринглата да се грее, додадете го густинот и сварете се додека се згусти. Оставете потполно да се олади.
- Сматете една кеса шлаг пена според уптаствтото.
- Во оладениот густин додадете го изматениот маргарин, матете да се спојат, додадете ја уработената шлаг пена и матете да се спои целиот фил. Поделете на 3-три еднакви дела филот и рамномерно филувајте ги корите. Последната кора не се филува. Покријте го колачот и оставете да одстои еден ден. Сечете на коцки и при служењето посипете го со прав шеќер.
Совет
- Ми се чини дека овде во некој рецепт веке имав поставено фотографии како полесно да се сукаат корите и за розен, за маџарица, медовикот.. така ги сукав и овие кори.
Имено, преклопувам исечена хартија за печење оценувајки колкава ќе биде према количината на тестото, ги свиткувам слободните страни. Ја одклопувам хартијата, го ставам тестото, поколпувам, ги преклопувам повторно слободните страни, ја вртам така да преклопите дојдат одоздола и ја сукам кората... така добивам еднакви кори и во големина и во дебелина, а така е и најлесно. Ова ми служи како шаблон, а самата кора ја пренесувам на друга хартија за печење, исечена према големината на кората, ја ставам или пред самото сукање во самиот шаблон внатре или после сукањето ја поставувам врз кората, превртувам ја одлепувам хартијата врз која се сукала и пренесувам на плехот. Шаблонот останува за понатамошното сукање. Најлесно ми е кога исечам хартија и ја поставам во самиот шаблон, потоа само ја извадам кората и така.... се надевам дека бев јасна...
- Кога ќе ги вадите корите од рерната, подотворете прво и нека излезат гасовите, потоа извадете ги. Ова е само еден момент, ништо повеќе.