Класична Бајадера
Состојки
- За прв и втор дел
- 500гр. шеќер
- 200мл. млеко
- 2 ванили
- 1 маргарин
- 300гр. мелени бисквити
- 300гр. мелени ореви
- 100гр. црно чоколадо
- За глазура
- 100гр. црно чоколадо
- 4супени лажици масло
Подготовка
Ние сме секогаш за....А, вие????
Се зовриваат шеќерот, ванилата, млекото и маргаринот, околу 3-5 мин. или додека маргаринот убаво се истопи со постојано мешање. Се трга од оган и се додаваат бисквитите и оревите. Убаво се меша, да се добие еднолична смеса.
Смесата се дели на два дела. Едниот останува како што е, а во другиот се додава растопеното црно чоколадо. Се меша убаво, да се изедначи.
Со најлонска фолија обложуваме правоаголно плехче и темниот дел го расплескуваме како прв дел, а светлиот како втор дел...
Ја припремаме глазурата на тој начин што го топиме чоколадото над пареа, додаваме масло, убаво изедначуваме. Прелеваме врз колачот, откако малку ќе здивни чоколадото.Со нишање на плехчето лево-десно, малку нагоре-надолу, ја разлеваме глазурата.
Со растопеното бело чоколадо во кое исто сме додале малку масло, правиме шари.
Сечиме на сакани големини...
Уживајте!!!
*Една напомена
Смесите откако ќе ги приготвам, веднаш не ги расплескувам. Чекам малку да се изладат со повремени мешања, па дури тогаш ги расплескувам и обликувам Бајадерата.
За полесно сечење:
тоа правете го додека не е многу здрвено чоколадото, со остар нож, кој го потопуваме во топла вода, па бришиме со хартија и сечиме...
И по желба, во црниот дел и глазурата можи да се додади малку румче...