Лисната цвет погача со ким
Состојки
- 1 кг брашно
- 1 квасец
- 1 лажичка прашок за пециво
- 600мл млеко
- 3 лажици свинска маст
- 2 лажици шеќер
- 2 лажички сол
- 200 гр путер или маргарин
- 1 кесичка ким
- сусам по желба
Подготовка
Украсна цветна, млечна погача која може да ви ја збогати Божикната трпеза.
1. Квасецот со шеќерот и ½ шоља млеко го оставаме да стаса. Во млекото ја топиме свинската маст. Во брашното ги додаваме пецивото и солта. Го замесуваме тестото со сите состојки средно меко. Го оставаме да стаса.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и го делиме на четири дела. Секој дел го расукуваме во круг и врз него рендаме путер (стегнат, од фрижидер), освен врз четвртиот, кој треба да ни дојде најгоре. Сега, таа една кора ја расукуваме, ја правиме голема и од неа со чашка или кружно калапче вадиме кругови (околу 45 кругчиња треба да ни излезат). Ги редиме во тавче со бр. 30, едно да дојде на половина врз следното, во два кружни реда.
3. Во средината од кругчињата правиме ружа. Откако ќе стаса погачата, ја мачкаме со една жолчка и врз неа ставаме ким и сусам. Ја печеме во загреана рерна, на 200 степени.
Забелешка
Останатиот дел од тестото (ништо не се фрла, нели), го споив, го расукав и си извадив уште едно тавче лиснати кругчиња.