Испечати

Полнети пекарски кифли

Полнети пекарски кифли

Состојки

  • Тесто
  • 1кг. брашно
  • 1 коцка свеж квасец (42гр.)
  • 3 лажици шеќер
  • 2 лажици сол
  • 2 јајца
  • 1 белка
  • 300мл. зејтин
  • 400-450мл. топло млеко
  • Фил
  • 150гр. сирење
  • 1 јајце
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • 2 лажици топла вода

Подготовка

Квасецот растворете го во дел од млекото и додадете 1 лажиче шеќер и брашно. Оставете да стаса.
Во длабок сад измешајте ги останатите состојки за тестото освен млекото. Додадете го стасаниот квасец и со постепено додавање на топлото млеко замесете меко тесто. Тестото ќе биде доста меко но од зејтинот нема да се лепи. Месете околу 10 мин. и ставете го во садот убаво да нарасне (околу 1 час).
За филот, издробете го сирењето и измешајте го со јацето.
Поделете го тестото на 32 топчиња. Топчињата по големина треба да се нешто помали од тениско топче. Секое топче со сукало развлечете го во овална форма и ставете по пола до едно лажиче од филот. Заролајте нежно како кифла и редете во плех на хартија за печење. Оставете повторно да нараснат па премачкајте ги со жолчката која претходно сте ја изматиле со топлата вода.
Печете 15 минути или додека убаво да поруменат на 200° во претходно загреана рерна.
Кифлите се многу меки и вкусни. Ставете ги во најлонска кеса и затворете ги во кутија, па и наредниот ден ќе бидат исто така меки.