Печени потполошки со бобинки од смрека
Состојки
- 4 потполошки по 200гр.
- 50гр. путер стопен
- 4 бобинки од смрека
- 2 чешниња лук
- сол, бибер
- 8 тенки ленти сланина
- по желба заленчук за супа (морков, целер, кромид)
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200°.
Потполошките убаво измијте ги со ладна вода и исушете ги со кујнска хартија. Посолете ги и побиберете ги и одвнате и однадвор. Во секоја од нив ставете по една бобинка од смрека и по половина чешне лук. Премачкајте ги убаво од сите страни со стопениот путер и завиткајте ги секоја од нив со по две ленти сланина. Сланината служи за месото да остане сочно и да не се исуши во печењето. Ставете ги во во тава за печење и по желба додадете од зеленчукот во печењето.
Печете ги половина час на 200° во средниот дел од рерната, па потоа зголемете ја темпертурата на печење на најјако. Решетката за печење ставете ја под греачите и ставете ги потполошките уште 10 минути да се допечат и да фатат убава кафена боја.
Печените потполошки обично се служат како предјадење со свежа зелена салата, но ние овојпат ги имавме како главно јадење во комбинација со печени компири и салата.