Испечати

Украсни суви колачи

Украсни суви колачи

Состојки

  • 100гр. несолен путер
  • 100гр. шеќер во прав
  • 1цело јајце
  • 250гр. брашно
  • 5-6 парчиња зрнест кардамом
  • 5-6 зрна анасон, малку кора од портокал
  • ројал ајсинг
  • 50гр.топено чоколадо за декорација

Подготовка

Суви колачиња, повторно за предлог едно подолго траат друго преубаво изгледаат совршени за скоро секоја пригода, овајпат збогатени со вкусот на кардамом и анасон.
Путерот на собна температура, како и сите останати состојки, се меси тесто кое откако ќе се изедначи се остава 1 саат во фрижидер. Се танчи кора на 5мм. која одгоре се посипува со шеќер во прав. Се вадат формички со форми по желба, се печат на 175 сосема малку да заруменат.
Кога се изладат готови се за украсување. Ројал ајсингот е оној кој го објавив во еден од претходните рецепти, тука додавав топено чоколадо (над пареа), украсете по избор.

Среќни ви празници од мене.