Испечати

Непечена бајадера торта со крем

Непечена бајадера торта со крем

Состојки

  • Бајадера кори
  • 600 гр мелени бисквити
  • 1 лажица какао
  • 200 гр. шеќер
  • 200 мл вода
  • 125 гр. маргарин
  • 50 гр. мелени +50 гр. сецкани ореви
  • Крем
  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици густин
  • 1 јајце
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 250 гр. маргарин
  • 100 гр. бело чоколадо
  • 100 гр. црно чоколадо
  • За декорација
  • 250 мл. слатка павлака

Подготовка

Прво направете го кремот за убвао да се излади.
Одделете 200 мл. млеко, а другото оставете го да се загрее.
Во одделенот млеко растворете го густинот и шеќерот. Кога млекото ќе почне да зоврива турете ја растворената смесаи постојано мешајте со жица додека се згусти. При крајот ставете во изматеното јајце со ванилиниот шеќер и варете уште 1 мин.

Тргнете го кремот од оган и подолете го на два дела. Во едниот дел ставете ја белата чоколада на коцки и 125 гр. маргарин, во другиот 100 гр. темна чоколада на коцки и 125 гр. маргарин убвао измиксајте да се соедини и оставете да се олади во фрижидер.

Корите
Во сад на оган ставете ги шеќерот и водата да зовријат. Откако ќе зовријат ставете го маргаринот исечкан на коцки да се стопи 2-3 мин.
Во садот со мелените бисквити измешани со какаото и оревите додадавајте пополека од шербетот со маргаринот и мешајте со дрвена лажица, при крајот почнете да месите со рака.Треба да добиете средна смеса да не се рони и да не биде многу мека. Оставете малку да олади околу 10 мин. во фрижидери потоа смесата подолете ја на 2 или 3 дела.
На фолија развлечете кори од смесата колку плех со дијаметар 24 см.

Ставете една кора, белиот или црниот крем, другата кора, црниот крем и последната кора. Покријте со најлонска фолија и оставете во фрижидер барем 2 часа за да се здрви. Потоа отпревртете ја на чинија за торта и украсете ја со изматена слатка павлака по ваша желба.

Тортата беше по повод роденденот на таткоми. ^_^
Ептен ја бендиса, превкусна е пробајте ја.